Ноќниот живот во Софија: 12 забави што ја дефинираат бугарската андерграунд денс музика

Подемот на рејв културата во Бугарија не претставува типична приказна на Западниот анти-естаблишмент. За разлика од нивните истомисленици западно од Железната завеса, пионерите на електронската музика во Бугарија не стекнаа искуство преку организирање незаконски забави во подруми; тие организираа рејв-журки за илјадници луѓе во индустриски хангари. Ваквиот моќен ноќен живот овозможи електронската музика да го зацврсти своето присуство на подиумите низ земјата во доцните 1990-ти години од минатиот век. Сѐ повеќе растеше ентузијазмот за културата која интензивно се развиваше, а која беше забранета во период од 45 години под комунистичкиот режим, поради што многу млади луѓе од Источна Европа патувале стотици километри, само за да видат и слушнат изведувачи како што се Свен Ват (Sven Väth), Карл Кокс (Carl Cox) или Џош Винк (Josh Wink).

По речиси една деценија екстравагантен ноќен живот, очигледно е дека работите се смирија. Меѓу низата затворања на ноќни клубови – што следеше по подемот на EDM, а потоа и на мејнстрим хаус музиката – локалната музичка сцена беше принудена да се врати во андерграундот. Но, денес, електронската музичка сцена во Софија, иако мала, сепак, претставува дом на дузина најнови и врвни диџеј екипи и клубови. Верни на своите пионерски корени, многу забави се одржуваат на неконвенционални локации и во објекти коишто се надвор од употреба. Разгледавме некои од најинтересните случувања коишто ја заживуваат техно сцената во градот и го одржуваат во живот бунтовничкиот рејв дух.

ФАЗА.

ФАЗА. ги исполнува ноќите со нова техно музика, создадена од локалните приредувачи на забави SWIfT GAP Events. Иако постои само три месеци, забавата се здоби со неверојатна динамика, преку ангажирање голем број меѓународни таленти, како што е Tijana T, Antigone, Дарио Зенкер (Dario Zenker), Regal, Габриела Вергилов (Gabriella Vergilov), Filip Xavi и Vice X, во тандем со локалните настапи во живо на Roboknob, Evitceles, Sub & Kanz, 1000 NAMES и Ebbesen. ФАЗА. е, исто така, позната по своите необични локации, каде што се одржуваат забавите; порано, тие се случувале во театар којшто веќе не бил во употреба и во поранешен олимписки базен.

[БЕТОН]

[бетон], всушност, не означува ништо друго освен чисто, необработено техно. Овој клуб беше отворен пред две години, од страна на Risto, Phlp. и Linear Output, а како проект има за цел да ја развие бугарската музичка сцена преку промовирање на локални изведувачи со мрачна звучна естетика, како што се Мytrip, Roboknob, Iniakick, StefaК и Apostolski.

CONJURE

Conjure е познато по своите истоимени настани коишто се одржувале во складишта во Софија и Амстердам, уште од 2016 година. Тимот кој стои зад Conjure, исто така, менаџира една поинаква забава во складиштето Kontrol Ground, којашто има за цел повторно да го заживее фестивалското чувство во магацинско опкружување. Неодамна, Conjure воведоа и низа поинтимни забави со ограничен капацитет до 300 посетители.

KOMPONENTI

KOMPONENTI е техно издавачка куќа основана од диџејот и продуцент Стефан Панев. Она што започна како оддишка на бугарскиот изведувач преку сопствените продукции, набргу прерасна во низа на дружби и забави. Главното правило на забавата е дека секој настан претставува различен естетски концепт и звук, што, исто така, значи дека настаните никогаш не се одржуваат на исто место два пати.

CTS

Contemporary Techno Structures (исто така познато и како CTS) е техно бранша на Artmospheric фестивалот. Низа настани, коишто за прв пат се одржаа во 2012 година, создадоа репутација сами за себе и станаа поборници на андергроунд техно музиката во главниот град на Бугарија. Моќните андергроунд изведувачи, како што се Питер ван Хојзен (Peter Van Hoesen), Ерик Клотие (Eric Cloutier), Брандо Лупи (Brando Lupi), Kangding Ray, Synthek, Маркус Хенриксон (Marcus Henriksson), Shackleton, Refracted и Ness го почестија штандот на CTS, заедно со локалните изведувачи, како Milan, Roboknob, Moutec и Cinnamint. За разлика од повеќето техно настани од ноќниот живот во Софија, CTS не сакаат нивните музички подиуми да бидат темни. Тие користат 3D мапирање и тродимензионални визуелни средства за да го направат поинтересен настанот.

KONNEKTOR

KONNEKTOR KLUBNACHT е еден од најновите играчи во ноќниот живот во Софија. Од нивните почетоци, со техно забавата на која настапуваа Arsy, Benjamin, Coco, Avgustin, Garo и Ed Koev во Fabrika 126 во септември 2017 година, KONNEKTOR имаат за цел да ја поврзат Софија со Берлин, преку музика и уметност. Нивниот промотер искористил одредени работи од Berghain: пред вратата на клубот е поставен поранешниот вратар од легендарниот геј клуб Spartacus.

METROPOLIS

Во Софија е тешко е да се замисли рејв-журка без Metropolis. Одржани за прв пат во 1995 година, озлогласените забави образувале многу генерации на рејвери. Воден од легендарните резидент диџеи Steven, Јасен Петров и Smurf, Metropolis стана синоним за огромни рејв-журки, што се одржуваат во складишта, а промовираат современа техно музика. Нивните организатори имаат ангажирано некои од најистакнатите музички имиња како Џеф Милс (Jeff Mills), Крис Либинг (Chris Liebing), Лук Слејтер (Luke Slater), Бен Симс (Ben Sims), Карл Крег (Carl Craig), Лен Факи (Levent Faki), Ellen Allien и многу други.

PORNO BPM

Веројатно една од забавите што најдолго опстојува во ноќниот живот во Софија, Porno BPM е екипа којашто е најдобро позната по тоа што ја помогна кариерата на бугарскиот виртуоз за настапи во живо, KiNK. Porno BPM е основанa во 2001 година од страна на бугарските продуценти и диџеи SuB, Ogonek, KiNK, KEi и Zenk, и тие постепено прераснаа во продуцентски колектив. Нивните настани, коишто се случуваат на секои два месеца, обично се базираат на претходно необјавени распореди на музичките изведби. Овие забави нудат ретка шанса да се погледне KiNK, којшто практикува изведба во интимно опкружување во неговиот роден град.

BASSLINE.BG

Воведена од DJ Kaloo како онлајн драменбејс радио програма и магазин во 2006 година, Bassline.bg набргу прерасна во најголем портал за денс музика, низа настани, здруженија на изведувачи и истомисленици во Бугарија. Иако нивните настапи се ретки, тие секогаш вклучуваат многу музика на Kaloo, Temporary Permanence и Raredub.

DISCO COMRADES

Основан од диџеи, како што се Emil Doesn’t Drive, Clipper и Phoenix, овој диско ноќен настан е една од најдобро чуваните тајни на Софија. Музиката во Disco Comrades се движи од непозната советска и бугарска диско музика, па сѐ до класични денс химни. Иако од неодамна не привлекуваат многу внимание, Disco Comrades повторно ќе се вратат со ново место за забава.

ELEGANTLY WASTED

Elegantly Wasted е една од најомилените андерграунд забави во Софија. Оваа тесно поврзана заедница е незаменлив дел од ноќниот живот во градот, уште од 2009 година. На забавата учествувале диџеи како Мајан Нидам (Maayan Nidam), Џејн Фиц (Jane Fitz), Еван Бегс (Evan Baggs), DJ Dustin и многу други, заедно со резидентн диџеите Garo, Laylla Dane, Bosha, Svet и Александар Ќосев. Познати се и по нивните маратонски настани, коишто честопати траат повеќе од 24 часа и кои, до оваа година, се одржуваа во поранешната трансформаторска станица позната како Studio EW.

SUNDAY BUNCH

Sunday Bunch е лајвстрим дигитална датотека којашто се фокусира на хаус, минималистичка и техно музика. Во своето речиси тригодишно постоење, Sunday Bunch има организирано над 30 настапи во живо на бугарски диџеи, како Антон Пау, Александар Ќосев и на меѓународни изведувачи, како S.A.M., LIZZ и Vincentiulian. Во октомври, Sunday Bunch воведе низа забави под името PANAIR со Александар Ќосев, Pruskalo Ensamble и Gentle Dub.

Прочитајте повеќе: Како да ги пронајдете зафрлените и потценети забави во Софија