10 филмови за културата на денс музиката што всушност ги обожаваме - Electronic Beats Macedonia

10 филмови за културата на денс музиката што всушност ги обожаваме

Што ќе Ви е да сте на списокот со гости кога можете да влезете во клубот од удобноста на Вашата дневна соба? Следниве филмови ќе Ве натераат да го поминете цел викенд пред телевизорот.

Веќе три децении, обожавателите на денс музиката им кажувале на нивните родители дека „тие никогаш нема да ги разберат“. И покрај тоа, оваа култура е во подем уште од доцните 80-ти години од минатиот век.

Филмските продукции се заинтересирале да ги протолкуваат фасцинантните фракции на ова општество во кои преовладува облека со неонски бои, голтање на разни апчиња и рејв музика. Некои од овие филмови се фокусираат на музиката и сцената, додека пак, други ја опипуваат тензијата од прекумерната консумација на хемиски супстанции.

И не можеме да ги заборавиме честопати необјаснивите, емотивни средби на подиумот за танцување и надвор од него, без разлика дали сме биле презафатени со тоа како да се справиме со оглувувањето, предозираноста или обидите да се избрка полицијата надвор од складиштата. Овој список на филмови ќе Ви биде доволен за целиот викенд. Не заборавајте да си земете грицки на ова долго и изопачено патување.

Еденската градина (2014)

За разлика од другите филмови од оваа категорија, „Eden“ всушност го разбира меланхоличниот завршеток на живеењето под влијание на клупската култура. Но, за да се долови тоа, придонес дал и францускиот сценарист и режисер Миа Хансен-Лове. Нејзиниот брат Свен помагал во пишувањето на сценариото и бил инспирација за главната улога во филмот, Пол Вале (Феликс де Живр). Ди-џејот од Париз всушност пораснал заедно со други познати француски предводници на „French Touch“ стилот, како што е „Daft Punk“. Ова дуо дури и се согласило да лиценцира некои од нивните најдобри музички записи за филмот, како дел од трошоците. Човек може да доживее емотивна поврзаност со овој француски филм, гледајќи го хронолошкото издигнување и неизбежниот пад на еден локален диџеј. Со извонреден избор музички запис за филмот и карактери коишто би можеле да бидат и наши пријатели, „Eden“ се смета за вистинска класика во светот на филмската уметност.

24 часа журкаџии (2002)

Оваа мешавина на реалност и фикција е еден од најинспиративните филмови кога станува збор за клупската култура. Доловувајќи ги врвот и падот на Манчестер од доцните 70-ти до раните 90-ти години од минатиот век, „24 Hour Party People“ раскажува приказна за огромна страст и љубов кон времето поминато во безделничење. Дали е до историски прецизниот контекст или неверојатно забавниот музички запис – овде се мисли на најдобрите моменти на „Baggy“ музиката во Обединетото Кралство – ова е дефинитивно еден од најдобрите филмови што треба да ги погледнете овој викенд. Филмот излезе во 2002 година и во него има и настап во живо на Стив Куган како ТВ лице и основачот на брендот „Factory Records“ Тони Вилсон. Од „Joy Division“ па сѐ до „Haçienda“ и „Happy Mondays“, филмот Ви нуди забава и продлабочено осознавање на лудата „Madchester“ сцена.

Грув (2000)

Ваквото прикажување на клупската култура е класично толкување на сцената од складиштата во Сан Франциско. Одата на екстази на Грег Харисон и откривањето на самиот себе во вистинско светло на рејв журка се појави на филмската сцена во 2000 година. Овој филм стана легендарен дел од експлозивната клупска култура. Во филмот се појавува и Џон Дигвид, како и музички записи од „Orbital“ и „Symbiosis“. „Groove“ воопшто не обрнува внимание на елоквентноста, но не ужива премногу во слободата што ја нуди задоволството – и повремениот терор – на имплицитната поврзаност на сцените со дрога и андерграунд музика.

Бескрајно журкање (1999)

„Human Traffic“ е можеби најдоброто нешто што Дени Дајер го направил за модерната филмска уметност. Овој филм се појави во 1999 година и веројатно е најдоброто нешто што го направил овој британски глумец. Неговото патување заедно со неговите пријатели што се случува во нивните глави во Кардиф е една од најдобрите филмски оди за сите оние коишто се зафатиле со работи коишто биле преголем залак за нив. Според „The Guardian“, режисерот Џастин Кериган настојувал, додека се избирале глумците, тие барем еднаш во животот да имале искуство со безвкусните магични витамини. Таквата посветеност да се постигне автентичност – заедно со музичкиот запис од Метју Херберт – придонеле да се создаде ова ремек-дело.

Берлин колинг (2008)

Оваа комедија од 2008 година на Ханес Штур изобилува со комични моменти. Музичкиот запис е пријатен за уво, со мелодични техно наноси од Пол (кој ја игра главната улога – ди-џеј Икар) и Фриц Калкбренер, како и Саша Функе. Остатокот од филмот го образложува либералниот став на Берлин во врска со користење на хемиски супстанции на своја страна или претставува ода за она што следува и продолжува во недоглед, откако ќе заврши забавата. Филмот е очигледно оддавање почит на легендарниот роман на Кен Кеси – за кој филмот направен според него доби Оскар – „One Flew Over the Cuckoo’s Nest (Лет над кукавичјото гнездо). Сепак, овде е даден хумористичен осврт за тоа што би се случило ако Р.П. Мекмарфи живеел во Берлин во периодот по 2000 година.

Екстаза на Ирвин Велш (2011)

„Ecstasy “ на Ирвин Велш е филм кој се базира на приказната „The Undefeated“ (Непобедливиот) од шкотскиот писател Ирвин Велш. Истиот овој гениј стои зад „Trainspotting“ (Набљудувачи на возови). Ова кажува доволно за неговото уникатно, богато со детали и честопати прецизно прикажување на културата исполнета со консумација на дроги и забави. Сличен на останатите проекти на продукцијата на Велш, во овој филм се застапени многу сцени со консумација на дроги и план брзо да се продаде дрогата за многу пари. Во режија на Роб Хејдон, овој филм раскажува приказна за еден шверцер на дрога кој во исто време е голем романтичар кој се надева дека една Канаѓанка е вистинската личност којашто може да му помогне да направи пресврт во животот.

Мајстор за журки (2003)

Во 2003 година, Фентон Бејли и Ренди Барбато направија еден биографски филм за клупската култура и ја прикажаа од еден поинаков агол. За жал, енергијата не е единственото нешто што може да се исфрли на подиумот за танцување. Приказната зад „Party Monster“ е прилагодена од мемоарите на Џејмс Сеинт Џејмс од 1999 година – „Disco Bloodbath“ (Крваво диско). Ставајќи го во преден план Мајкл Алиг, момчето – промотер на клуб во Њујорк, овој филм во најмала рака опишува едно чудно доживување во светот на хемиските супстанции, а претежно претставува една реклама за нескротливата употреба на дрога. Со екипа во која е вклучен Меколи Калкин и Сет Грин, иако на филмот можеби му недостасува оној безвременски кинематографски квалитет, тој изобилува со црн и изопачен хумор. Исто така, нѐ потсетува и дека понекогаш е во ред да останеш дома.

Предозиран (1996)

Оваа трагична љубовна приказна настанала под влијание на екстаза. „Naar de Klote (Wasted!)“ на Аријан Каганоф, кој излезе во 1996 година во Холандија, е исконска приказна за вкусување на забранетото овошје. Дејството се случува за време на подемот на холандската „gabber“ музика во 1990-ите години (што го инспирираше подемот на полската „gabber“ музика во 2010-ите години), и го прикажува преселувањето на Жаки и Мартијн од малиот тивок град Тилбург во Амстердам кој ги напаѓа сите ваши сетила. Како што Жаки е вовлечена во виорот од тргување со дрога, слабата точка на клупската индустрија, Мартијн се бори да остане верен на својата девојка додека ја дави својата тага со марихуана и многу Хајнекен. Снимен во зрнест и нефокусиран стил, филмот повеќе изгледа како лош трип од консумирање екстази отколку славење на животот. Бидете подготвени, затоа што приказната во овој филм се случува брзо – и станува одвратно.

Еден совршен ден (2004)

„One Perfect Day“ е добар потсетник дека не е сѐ мед и млеко во клупската култура. Томи Матис, студент по музика од Мелбурн кој студира во Лондон, дознава дека неговата сестра Ема починала. Откако дознава за нејзините интереси во електронската музика, и дрогите што придонеле за нејзината пропаст, Матис одлучува самиот да ја истражува клупската култура. Исполнет со меланхолија, тој навлегува во свет исполнет со неизмерна среќа и ужасна тага. Во музичкиот запис за овој проект на Пол Кари од 2004 година се вклучени Fatboy Slim, правејќи го попријатен и малку тажен.

Сѐ заврши Пит Тонг (2004)

Овој филм е дефинитивно ривал на „Berlin Calling“ во поглед на најсмешниот филм во областа на денс музиката. Ова е смешна трагикомедија за измисленото постоење на британскиот ди-џеј Френки Вајлд и неговата битка со глувоста. Во овој филм се појавуваат и најголемите диџеи од овој жанр – од Карл Кокс па сѐ до Пол Ван Дајк – и јасно е дека тој е промоција за Ибица. Целото снимање на филмот се случува на Вајт островот (каде бевме ние неодамна) на локации како што се „Pacha“, „Amnesia“, „DC10“ и „Privilege“. Вајлд, кој го игра Пол Кеј, држи тури околу островот, додека полека го губи слухот, а сето ова е проследено со тоновите на познати класици како што е „Pacific State “ – и малку повеќе транс музика.