Битолчанецот Mnemonic45 вчера издаде нов амбиентален албум - Electronic Beats Macedonia
Music

Битолчанецот Mnemonic45 вчера издаде нов амбиентален албум

Mnemonic45, по одличниот албум Planetarium од 2016 година, снимен во Планетариумот на МКЦ, ни се претставува со уште еден синестетички бисер.

Гоце Глигуровски (Mnemonic45) создава хипнотичка амбиентална музика и, слично како и во случаите со некои други прочуени амбиент музичари, инспирацијата неретко ја добива од неочекуваните искуства и средби стекнати при прошетките низ природните богатства на планинскиот масив Шар Планина.

Еве што тој самиот вели за настанот кој го иницирал создавањето на неговиот нов албум, Adis: „Минатата пролет, за време на една планинска прошетка, кон крајот на денот, во далечината здогледав стадо овци и пастир. Како што се приближив, забележав дека пастирот е дете. Потпирајќи се врз една голема карпа, тој гледаше во групата планинари кои минуваа. Откако се разделив од групата, тргнав кон него. Ми рече дека неговото име е Адис. Одел на училиште, а потоа го чувал стадото. Го прашав дали може да го фотографирам, а тој срамежливо се согласи. Поделив неколку ореви, смокви и чоколади со Адис. Оваа звучна разгледница е посветена на Адис и на неговите прошетки низ планинските пејзажи.“

Дискографијата на Mnemonic45 можете да ја разгледате тука, а новиот албум, Adis, да го нарачате во рачно изработена компакт диск амбалажа или дигитално, тука.

Прочитајте повеќе: The Future Sound of London – FSOL:Digitana (The SX-One Live Improvisations) (4.1)

Published on 11:43 am Berlin time