Зимско издание на Skopje Cinema City - Electronic Beats Macedonia
Culture

Зимско издание на Skopje Cinema City

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City ја отпочнува новата година со својот прв настан или со т.н. Зимско издание (Winter Edition), на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017.

На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, ќе имате можност да погледнете филмови, чиишто проекции беа дел од третото издание на Skopje Cinema City. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година, во различни периоди – нешто што го нарековме „Четири годишни времиња“. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.

Skopje Cinema City, преку својата платформа и избор на документарни филмови, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Програма:

02.02.2018 (Петок)
20:00 – Kraftwerk: Pop Art (60 мин.)
21:30 – Лиса Жерар: Засолниште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин.)

03.02.2018 (Сабота)
20:00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин.)
21:30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин.)

Билетите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија.
Резервациите ќе може да се направат од 16 до 19 часот, на телефонот: 02 306 5968.

Исто така, во рамките на фестивалот ќе можете да си ги набавите следниве музички книги, по промотивни цени:

Ненад Георгиевски – Музика и муабети (колекција на музички интервјуа)
Вангел Ноневски – Грамофонот како метаинструмент
Дебора Кертис – Допир од далечина

Published on 9:12 am Berlin time