Со оваа плејлиста ќе откриете 36 непознати француски, италијански и белгиски синт-вејв бисери - Electronic Beats Macedonia
Music

Со оваа плејлиста ќе откриете 36 непознати француски, италијански и белгиски синт-вејв бисери

Колекција на некои од најдобрите синт-поп песни што никогаш не сте ги слушнале.

Сакате денес да танцувате на поинаков ритам? Можеби е време да го тргнеме техното настрана и да се нурнеме во богатата ера на синт-вејвот кој, во раните 1980-ти години, се прошири низ цела Европа. Тоа беше време кога бендовите од Франција, Италија и Белгија правеа највозбудлива денс музика, пред револуцијата на хаус и техно музиката. Тие ја канализираа изострената структура на панк песните и на новиот бран, за потоа да ја преиначат во збиени синтисајзерски шеми инспирирани од Kraftwerk.

Благодарение на диџеите како Veronica Vasicka и нејзината издавачка куќа, Minimal Wave, бројни музички бисери од таа ера полека почнуваат да излегуваат на површина. Како и да е, постои неверојатен број на песни што допрва треба да се откријат, а плејлистите, како онаа која е поставена подолу, претставуваат одличен начин за започнување на вашето патување низ класичните европски денс звуци. Подредувајќи ги култните изведувачи како што се Autumn (види ја сликата погоре), Deux, Isidore Ducasse и Mekanik Kommando, ќе имате можност да изберете дали сакате побавен и сентиментален или епски и движечки ритам. Слушнете ги овие песни:

Прочитајте повеќе: Погледнете краток документарец за историјата на минималистичкиот бран

Објавено на 7:09 am по локално време во Берлин