Фестивалот Dekmantel го објави списокот на изведувачи за 2018 година со импресивно психоделично видео - Electronic Beats Macedonia
News

Фестивалот Dekmantel го објави списокот на изведувачи за 2018 година со импресивно психоделично видео

Фасцинантно!

Dekmantel во психоделичен стил ја објави целата програма за фестивалот кој повторно ќе се одржува во 2018 година, од 1 до 5 август, во Amsterdamse Bos и на други места околу IJ. Ова ќе биде шесто издание на фестивалот, а покрај гигантскиот список на изведувачи од старата школа, ќе има и свежи лица коишто се вклопуваат во фестивалот и прават тој да биде еден од најдобрите во Европа.

На овој фестивал оваа година ќе се вратат иконите како што се Рикардо Виљалобос и Хелена Хауф, додека германските космички пионери Tangerine Dream, исто така, ќе имаат специјален настап во живо. На сцената повторно ќе се вратат Salon des Amateurs, како поддршка на Лена Виликенс (Lena Willikens), додека, пак, авангардниот маестро Тери Рајли (Terry Riley) и амбиенталниот музичар Laraaji би требало да предизвикаат неизмерна среќа кај публиката. Другите поголеми изведувачи на фестивалот се следниве: Donato DozzyObjektСтанислав ТолкачевSource Direct и Вероника Васичка (Veronica Vasicka). Но, ова е само мал дел од она што петте фестивалски дена ќе понудат!

За да ги видите сите изведувачи, кликнете тука. Погледнете го петминутното видео за претстојниот фестивал заедно со објавата подолу. Списокот на сите изведувачи коишто ќе настапуваат е неверојатен.

Прочитајте повеќе: Dekmantel Soundsystem порано започнуваат со фестивалот

Published on 10:43 am Berlin time