Feed/Music

Истражете ги најбогатите светски библиотеки за слушање плочи

Од Градската библиотека во Штутгарт, до Архивата на носачи на звук во Њујорк – ова се најдобрите места каде може да се открие најретката музика во светот.

Не е никакво изненадување што винилот бележи сериозен подем на популарноста во изминатите неколку години. Сепак, пред овој нов тренд да се појави, библиотеките на носачи на звук постоеја веќе некое време. Овој напис објавен во The Vinyl Factory ве носи на турнеја низ некои од најимпресивните библиотеки на носачи на звук во светот, како, на пример, Британската библиотека за заштита на звукот во Лондон (British Library Sound Preservation), Архивите на носачи на звук на Роџерс и Хамерстајн во Њујорк (Rodgers and Hammerstein Archives of Recorded Sound), Музичката библиотека (Music Library) и Understage во Сеул и Музичката соба (Music Room) во Хонг Конг.

Сиот тој музички рај е бесплатен, достапен секој ден од неделата и е дом на фасцинантна збирка на снимен материјал: од теренски снимки на полинезиски племиња, до оперски вокали снимени уште во 1901 година. Исто така, секое од тие места има и специјализирана винил библиотека и простор за слушање, а некои од нив дури нудат и можност да се направи лична снимка со користење на хардверот којшто стои на располагање. Тука можете да ги разгледате сите. Потоа, подолу можете да го погледнете документарецот на EB.tv за ренесансата на винилот и за корените на неговото повторно враќање во живот.

Прочитајте повеќе:  Ellen Allien објаснува зошто таа сè уште сака да собира и пушта музика на винили