Feed/Tech

Научете како да миксувате плочи со видео играта за виртуелно диџејство

Винил Риалити (Vinyl Reality) претставува комбинација на најсовремената технологија на видео игрите со карактеристиките на традиционалното винил искуство.

Вртењето плочи не ви е доволно занимливо во реалниот живот? Е па, сега ќе можете да си ги истестирате вештините за миксување во сферата на виртуелната реалност, со новата игра на берлинската софтверска компанија EntroPi games. Винил Риалити е првата апликација за миксување којашто веродостојно ја преобразува традиционалната диџејска опрема во виртуелна реалност.

Сѐ што треба да направите е да ја внесете вашата музичка колекција во интерфејсот (токму така, не се работи за вистински плочи) и да се „препуштите“ на миксување со помош на два виртуелни грамофона и една двоканална миксета. Ако ја немате таа среќа да поседувате два Technics грамофони, но, наместо тоа, имате очила за виртуелна реалност, Винил Риалити на почетниците им нуди основни алатки со кои ќе можат да работат на практичните поединости кои се дел од еден вистински диџеј сет.

Играта е создадена во соработка со професионални диџеи и нуди два грамофона, програмирани со цел да понудат реалистична функционалност и физички реакции. Можете да си ги пребарувате песните во виртуелната папка за плочи, па дури и да подредувате претходно прегледувани песни со помош на еден „уникатен систем на виртуелни слушалки“. Откако ќе го завршите миксот, можете да го снимите и потоа да го префрлите вашиот квази-винил микс на дигитален носач на звук. Погледнете како тоа функционира во трејлерот подолу, а потоа посетете ја интернет страницата Steam и преземете ја апликацијата.

Прочитајте повеќе: Погледнете ја новата, чудесна забава на LCD Soundsystem која се случува во виртуелна реалност