Feed/Culture

Погледнете го новиот документарец за кинеската електронска музичка сцена

Урни го ѕидот го следи вртоглавиот развој на кинеската техно култура од 1990 година наваму.

Во последно време, разновидната кинеска електронска музичка сцена привлекува големо внимание. На пример, Pan Daijing, со своите бруталистички звуци, и Цусинг, со своите техно истражувања во слободна форма, во текот на изминатите години предизвикаа голем метеж во Европа, но и пошироко. Но, како и кога техното процути во Кина?

Новиот документарен филм, Урни го ѕидот (Break the Wall), ги прикажува почетоците на сцената одблиску и го следи нејзиниот развој до денес, отсликувајќи го животот на диџејот и поранешен сопственик на клуб, Јанг Бинг. Тој се присетува на првите рејв журки на Кинескиот Ѕид од пред 20 години и нè запознава со некои од највлијателните андерграунд хаус и техно клубови во Пекинг, Шангај, Хонг Конг и Ченгду. Документрецот беше премиерно прикажан минатата година на Денс фестивалот во Амстердам, придружен со специјална забава, на која учествуваа некои од артистите претставени во самиот филм. Погледнете го целиот филм подолу.

Прочитајте повеќе: 9 издавачки куќи коишто го дефинираат андерграунд клупскиот звук во Кина