Feed/Culture

Слушнете го ексклузивното интервју со членот на Kraftwerk, Волфганг Флур

Пионерот на електронската музика гостуваше во најновата епизода на StageLeft Podcast.

Ретко се случува да имаме можност да продреме во умовите на некои од најголемите визионери од областа на музиката. Сепак, благодарение на најновата епизода на StageLeft, овој пат тоа можеме да го сториме. Волфганг Флур (Wolfgang Flür) е еден од првите членови на Kraftwerk, којшто во бендот свирел електронски перкусии во периодот од 1973 до 1987 година, и при тоа влијаел врз обликувањето на следната генерација на електронска, краутрок и техно музика.

Уметникот, исто така, раскажува за своите почетоци со Флоријан Шнајдер (Florian Schneider) и Ралф Хатер (Ralf Hütter), за својата соло кариера, за своите соработки и непрестајното влијание од неговото детство во пост-воениот Дизелдорф. Тука можете да го слушнете фасцинантниот едночасовен разговор. Потоа, прочитајте ја нашата статија за Мороко, клубот во Келн што бил омилено собиралиште на членовите на бендот во 1980-тите години.

Прочитајте повеќе: Погледнете ја оваа ретка снимка од настап на Kraftwerk во 1970 година