Feed/Tech

8 музичари ја објаснуваат трајната генијалност на Полин Оливерос

The Black Madonna, Сузан Чани (Suzanne Ciani) и Лоренс Инглиш (Lawrence English) се сеќаваат на една од најзначајните фигури во современата музика.

Кога Полин Оливерос (Pauline Oliveros) почина пред речиси една година, таа зад себе остави еден од највозбудливите каталози на експериментална и авангардна музика од поствоената генерација на американски композитори. Проучувајќи го феноменот на „длабоко слушање“ во нејзината музичка кариера, компонирање и пишување, Оливерос твореше на тенката линија помеѓу домените на „слушањето“ и „проникнувањето“.

Како што напишавме во еден напис од 2016 година, во кој ги величавме нејзините пионерски дела, „длабокото слушање претставува повеќеслоен концепт, којшто тешко може да се сведе на една обична дефиниција. Грубо кажано, тоа претставува истражување на слушањето – активното и пасивното – како алатка со која се развива заедницата и како општ пристап кон разбирањето на креативноста.“ Тие практики ги објаснуваат суптилните граници помеѓу минатите, сегашните и идните временски настани, коишто го упатуваат слушателот во акутни звучни средини, каде што мозокот е истовремено, и хиперсвесен, и успокоен.

Излишно е да се спомене дека Оливерос имаше силно влијание на модерната електронска музика. Винил Фактори го одликуваше нејзиното трајно наследство преку прибирање сведоштва за нејзиното влијание од осуммина од најимпресивните фигури во современата музика. Лори Спигел (Laurie Spiegel), Сузан Чани (Suzanne Ciani), Вилијам Басински (William Basinski), The Black Madonna и Елен Фулман (Ellen Fullman) – сите тие дадоа придонес во форма на прекрасни анегдоти и размисли за бистриот музички ум на Оливерос. Сите нив можете да ги прочитате тука. Подолу, можете да слушнете дел од извонредните композиции на Оливерос.

Прочитајте повеќе: Откријте ги ретките теренски снимки на Полин Оливерос од 1968 година