Пропаст поради популарност: Што значи затворањето на „Griessmuehle“ за сите клубови во Берлин

Привлекувањето туристи и претприемачи, хедонистичката привлечност на ноќниот живот во главниот град е дел од неговото сопствено уништување.

Утринава, љубителите на забавите што се одржуваа во „Griessmuehle“ се збогуваа со ова место по одржувањето на последниот настан „Cocktail D’Amore“. Сега откако забавата конечно заврши, време е да се запрашаме зошто клубовите во овој град, коишто се покажаа значајни од аспект на неговата економија и култура, сѐ уште не се сигурни во поглед на нивната локација.

Овие места во кои царува ноќниот живот, не само што се одговорни за развивање на креативноста, туку и го поттикнуваат и одржуваат урбаниот просперитет. Околу три четвртини од посетителите на Берлин велат дека клупската сцена е причината зошто тие го посетуваат градот. Речиси половина од жителите на Берлин велат дека тоа е причината зошто остануваат во градот. Во моментов, политичарите се прилично свесни за важноста на економијата од ноќниот живот во градот, особено преку работата на Комисијата за клубови во Берлин и нејзините напори да се залага за културата на локалните клубови и забавата. Секој четврт турист го посетува градот заради клубовите, со што се оствари промет од 1.5 милијарди евра во 2018 година.

„Околу три четвртини од посетителите на берлин велат дека клупската сцена е причината зошто тие го посетуваат градот“.

Неодамнешното затворање на „Griessmuehle“ е само потсетник дека во градот постои еден несреќен парадокс. Пијанките по клубовите во Берлин се една карактеристика што го дефинира градот и што привлекува значителен број туристи и влијателни луѓе да останат во него, а сепак неговата привлечност за бизнис зделки прави тука да инвестираат и многу претприемачи на земјиште. Гледајќи ја таквата привлечност на градот, овие луѓе имаат за цел да купат зони што имаат „потенцијал“ – како на пример земјиштето на кое се наоѓа „Griessmuehle“- и на тој начин да ја уништат самата причина што го прави овој град толку привлечен.

Денес, индустриските и напуштени места што некогаш ги имаше во изобилие и коишто го дефинираа независното минато по падот на Берлинскиот Ѕид веќе исчезнаа, оставајќи го ноќниот живот во градот без место каде што може истиот да цвета. Во моментов, закупот за „KitKat“ истекува во јуни оваа година и најверојатно ова место ќе биде принудено да затвори. Места ://На „Sage“ и „Salon Zur Wilden Renate“ во моментов им се заканува изградба на A100 автопат. Списокот на места во Берлин коишто полека се затвораат како да нема крај: „Bar 25“ поради продажба на земјиште, „Knaack“ се затвори по цели шест децении поради поплаки за бучава од ново изградените соседни станбени згради, а „Farbfernseher“се затвори поради високи трошоци за кирија.

Оваа приказна е слична на другите. Со децении, урбаната трансформација во Њујорк и Лондон направи клубовите да се преместат во предградијата – што значи дека ваквиот процес на преселба не вклучува само поединци и живеалишта. Филип Л. Клеј, професор во МИТ на одделот Урбани студии и планирање, ги образложи четирите фази на урбана трансформација во неговата книга од 1979 година „Обнова на соседството. Во првата фаза, уметниците со помали приходи, боемите и членовите на маргинализираните заедници, како оние што се идентификуваат како членови на ЛГБТ+ заедницата, првично се сместиле во сега веќе продадените соседства. Во втората фаза, сензационалната медиумска покриеност на овие средини привлекла луѓе од средната класа, коишто ги истерале оригиналните „доселеници“ во околните соседства. Големите инвестиции од јавни и приватни компании ја означуваат третата фаза, додека пак четврта фаза е кога соседството е целосно трансформирано во висока класа.

Во овој случај, затворањето на „Griessmuehle“ не само што ја претставува третата фаза од урбаната трансформација, туку го уништува и саканото засолниште на креативната класа во градот и една од најпознатите институции на ноќниот живот во Берлин. Тука исто така се појавува и еден загрижувачки тренд: самите напуштени места коишто порано биле популарни како локација за клубови стануваат отфрлени како резултат на нивниот сопствен успех.

„Тука исто така се појавува и еден загрижувачки тренд: самите напуштени места коишто порано биле популарни како локација за клубови стануваат отфрлени како резултат на нивниот сопствен успех.

Ноќниот живот покажува една поразлична околина на градот, во која се отстапува место за развивање на експериментални форми на музика, мода и уметност. За Берлин, „Griessmuehle“ беше едно од главните придонесувачи за таквата арена, место кое овозможи да се оформи, а во исто време и самото се оформи од креативноста на градот. Домаќините на забавите „Mother’s Finest“ и „Cocktail d’Amore, овозможија местото да се споредува со некои од најдобрите и најавантуристички забави во градот.

Франклин Де Коста, организатор на настанот кој се одржува шест години по ред „Mother’s Finest“, вели дека „Griessmuehle“ се појавило како место што охрабрувало отворени друштва, овозможувајќи експерименти со различни звуци што ги надминувале основните техно, хаус и диско звуци што преовладуваа на сцената во 2014 година.

Иако веќе неколку години се знаело дека ситуацијата со клубот е неизвесна, како што вели Де Коста, брзината со која претприемачите донесувале одлуки без простор за преговори ги оставиле организаторите на забави без места каде ќе може да ги одржуваат истите.

„Во идеални услови, нам би ни била дадена уште пола година да организираме соодветно збогување со старото и наоѓање на ново место“, вели Де Коста. „Но сега, и покрај помошта од политичарите, градот е полн. Во Берлин постојано се отвораат и затвораат клубови, но градот толку брзо се промени и претпримачите со земјиште толку брзо работат, што тоа остава малку простор за нас. Ние не сакаме да се преселиме во некое далечно место во предградието.“ 

„Има сѐ помалку место за нас. Ние не сакаме да се преселиме во некое далечно место во предградието.“

За постојаните уживатели на „Cocktail “ забавите, „Griessmuehle“ е повеќе од подиум за танцување. Веќе 10 години, местото е значајно средиште коешто иако е добро поврзано со градот, сепак е опколено со индустриски зони, што прави многу лесно истото да се исклучи од останатиот свет.

„Cocktail d’Amore“ е настан што се случувал на бројни места – а ова нема да биде прв пат таквиот настан да се премести поради корпоративни инвестиции во недвижности. За вакви забави, напорите да се воспостават врски и почит кон клубовите во кои истите се одржуваат, како и изнаоѓањето места коишто ја нудат вистинската атмосфера се од големо значење. Колку пати забава како што е „Cocktail d’Amore“ треба да се премести пред организаторите и најчестите гости да се изморат од сето тоа?

„SIAG Property“ попознато како „S IMMO AG“ е австриска компанија за недвижности којашто се фокусира на трговија со земјиште, средства и управување со портфолио, како и услуги поврзани со сопственост, со интерес за „opportunistische Zukäufe“ (опортунистички аквизиции). Според нивниот извештај за 2018 година, тие имаат портфолио што се состои од над 200 имоти, од кои 42% се во Германија. Ова не е првиот имот на „Neukolln“ во кој тие инвестирале.

Се чини дека „SIAG“ нема намера повторно да работи на местото, туку нивната цел е да добијат дозвола за градење, со што би се зголемил интересот на купувачот, а со тоа би се зголемила и вредноста на имотот.Според некои извештаи  вредноста се зголемила за десет пати. Целта на претприемачите да купат земјиште на една од најзначајните локации во Берлин од аспект на културата со намера да ја загрозат нејзината иднина навистина обесхрабрува.

И додека мотивите на „SIAG“се сомнителни од етичка гледна точка, суровата вистина е дека компании како овие работат според правилата кои им се дадени. Затворањето на „Griessmuehle“ служи како потсетник на нестабилната и постојано развивачка природа на Берлин. Лесно е да се каже дека клубовите постојано се преместуваат и менуваат, но факт е дека постојат се помалку пристапни места каде може да се отворат односно преместат клубовите, иако главната атракција на градот е токму ноќниот живот. Затворањето на ова место претставува една пресвртна точка за разгледување на ваквиот загрижувачки тренд.

Лесно е да се каже дека клубовите постојано се преместуваат и менуваат, но факт е дека постојат се помалку пристапни места каде може да се отворат односно преместат клубовите, иако главната атракција на градот е токму ноќниот живот.

Иако местото „Neukölln“ веќе се затвори, неговиот дух сѐ уште живее преку низата патувачки забавни настани наречени „Griessmuehle in Exile.“ Од 7-ми февруари, викенд програмата на затвореното место ќе се одвива во привременото место во „Alte Münze“ во Мите, додека пак настаните резервирани за среда и четврток ќе се преместат во „Polygon Club“ во Лихтенберг.

И покрај алтернативните привремени локации за програмата на клубот „не е сѐ постигнато“, изјавува тимот на „Griessmuehle“. „Главниот проблем со недостатокот од заштита на културните места станува главна причина за нивно преместување“.

Лаура Бокс  работи како хонорарен новинар во Берлин. Таа пишува за технолошка етика, политика и култура и се фокусира на идентитетот на геј популацијата.

Следете го хаштагот #saveourspaces доколку сакате да бидете во тек со кампањата за заштита на клубовите.