Разговор за креативноста, одењето на тури и Њујорк со Beta Librae – добро познатиот резидентен диџеј во Бруклин

Words by Ненад Георгиевски

Ако сте посетиле некоја од андерграунд музичките сцени по клубовите во Бруклин во 2010-те години, постои голема шанса да сте ја сретнале Beta Librae (попозната како Бејли Хофман). Во првата половина од оваа деценија, таа го разгоруваше подиумот во клубот „Bossa Nova Civic Club“ со нејзините технофеминистички забави што ги правеше заедно со „Discwoman’s Umfang“.<0} Подоцна, во 2018 година, таа направи промена и го покажа својот талент во „Nowadays“, каде минатата година стана резидентен диџеј.

Како продуцент, нејзината работа се движи во најразлични правци – а најдобар пример за тоа е нејзиниот албум „Sanguine Bond“ којшто излезе во 2018 година од продуцентската куќа „Incienso“ на Антони Нејплс. Во него таа ги поврзува точките помеѓу опојните даб, ексцентричните амбиентални па дури и племенски хаус звуци.<0} Пред неколку недели, Хофман дебитираше на емисија во живо во „Panorama Bar“. TEB колумнистот Елизабет Клер Херинг се сретна со неа на разговор за креативноста, настапите во живо и ноќниот живот во Њујорк.

 

Како се чувствуваш по завршување на твојата прва тура откако потпиша договор со „Odd Fantastic“?
Сега, откако потпишав за „Odd Fantastic“ одењето на тури се чини како среќна околност. Тоа сосема ми одговара, се чувствувам како некој да се грижи за мене и благодарна сум за тоа. Она што е ново за мене е тоа што мора набрзина да се прилагодам на секој настап и место. Навикната сум да се подготвувам неколку недели за моите сетови за места коишто ми се веќе познати и каде знам дека луѓето ќе уживаат во музиката што ја пуштам. Така што, одењето од настап на настап секој ден навистина прави да излезам надвор од мојата комфорна зона – преминувањето од настапи во мало местенце на голем фестивал, па сѐ до отворена сцена на некој брод… секој настап е потполно различен. Токму тоа е најзабавно за мене, но во исто време таквото брзо прилагодување на секој нов настап прави да се чувствувам вознемирено.

Дали мислиш дека многу се подготвуваш за сѐ што правиш? Или можеш да кажеш „Се впуштам во ова без никакви подготовки, па што биде нека биде.“
Да претпоставуваш како би можел да изгледа некој настап не е најдобар начин да се подготвиш за него, затоа што не можеш однапред да ги знаеш промените на целата таа толпа. Има и моменти кога само стануваш од спиење и се фокусираш посилно отколку што мислиш дека можеш. Важно е да можеш да се прилагодиш на публиката. Не треба премногу да се спремаш за било што затоа што нема убавина во тоа.

Од сите тие настапи, оној во „De School“ ми е најмногу при срце. Цела публика беше застаната напред, беше многу светло и имаше огромна енергија – никогаш порано не сум почувствувала такво внимание од публиката. Во ден момент сфатив дека мора да верувам во себе. Тоа беше најжестокиот настап кој направи да се чувствувам многу исполнето.

[Пред „Panorama Bar“] :// тоа беше последниот настап во Берлин, и бев многу исцрпена тој ден. Почнав да избирам случајни песни и ми беше интересно да пуштам стари песни што со години ги имам пуштано, но сега пред нова публика. Беше возбудливо да се навратам на музиката што ја сакав пред многу години и да ја пуштам пред нова публика, правејќи ја на тој начин повторно свежа и енергична.

Што е она што лично те инспирира додека ја создаваш твојата музика и кој ти послужи како пример за „Sanguine Bond“ и за твоите диџеј сетови?
Кога работев на „Sanguine Bond“ долго време слушав хаус музика и поголемиот дел од песните ги правев со страст за тој топол грув кој постојано ми се вртеше во главата. Ја имам слушнато речиси секоја хаус песна, па се запрашав од каде би црпела нова инспирација? Морав да истражувам понатаму.

Во тој момент, сакав да создадам ритам што не би можел да припаѓа само на една единствена категорија. Тоа што се оддалечив од веќе познатите структури за создавање песни ми отвори толку многу надреални правци. Работата како диџеј исто така ми помогна да најдам инспирација. Во мојата потсвест навлезе мислата дека треба да создадам музика што припаѓа на повеќе жанрови. Времето и енергијата што ги вложив за да останам во чекор со она што го создаваат другите музичари/диџеи многу влијаеше на моите репери и ми надојдоа многу идеи.

Да позборуваме малку за твоите сетови во живо. Дали може да ни кажеш нешто за твојата работа како продуцент и музичар?
Во изминативе шест месеци, секој пат кога седнувам да работам на музиката тоа станува една збрка од најразлични расположенија. Работам на нешто од два до шест часа зависно од тоа колку ми е возбудливо и потоа продолжувам понатаму, го повторувам истиот процес, а најпосле повторно се навраќам назад. Почнувам да ги склопувам работите и тоа ми изгледа како да ткаам една покривка од звуци. Така почнав и со своите сетови во живо, работев на нив со недели пред да ги склопам тие звуци и да создадам една цела приказна. Истото сакам да го правам и со диџеј сетот, да ја кренам целата енергија, а потоа полека да ја спуштам. Промената на темпото и структурата на песните создава бранови од емоции и изненадувања и многу непредвидливи нешта. Уживам во таквиот ритам.

Тапаните ми се омилени за почеток, а потоа оставам ритамот потсвесно сам појде онаму каде што треба да биде и да продолжи оттаму. Потоа, се навраќам на она што сум го создала и се чувствувам како да не сум имала никаква идеа како се случило тоа, што е главна причина зошто продолжувам со ова. Тоа е како сам на себе да си даваш подароци и да си приредуваш изненадувања.

Не постои само едно нешто што ме инспирира, најчесто се изразувам зависно од тоа како се чувствувам тој ден. Кога се трудам да создадам одреден звук, најчесто се разочарувам. Елементот на изненадување е она што е најважно за мене. Се обидував да седнам и само да создадам техно звук или да помислам „денес сакам да направам нешто подобро“ и најчесто се нервирам затоа што резултатот не е она што сум го замислила.

Не знам како да правам одредени жанрови на музика. Не знам да пишувам музика, не можам да слушам песна и да кажам „тоа е отсвирено вака или онака на синтисајзер“. Добро е да се почне со оној звук којшто се чини примамлив и тогаш крајниот резултат е задоволувачки затоа што уживате во секој посебен звук наместо да правите претходен план, ете тоа е начинот на кој работам јас.

Каде се наоѓа сцената во Њујорк во моментов? Што е она поради кое го сакаш Њујорк, а не можеш да го најдеш на ниедно друго место?
Се чувствувам како да се обидувам да држам чекор со помладата публика, што е многу тешко за мене затоа што ја си имам своја заедница каде ги знам сите, а принудена сум да работам надвор од неа. Ги обожавам ноќите во „Bossa“ и „Nowadays“ затоа што таму имаме гости што ни доаѓаат надвор од градот и тоа е исто онолку возбудливо како кога претставуваме нов талент во градот.    Еднаш во месецот имам свој настап во „Bossa Nova“ и не е лесно е секој пат да се претставува некое свежо и ново име. Во исто време, местото е доволно малечко така што можам да поканам диџеј што немал многу настапи, а кој луѓето ќе го слушаат и ќе бидат заинтересирани.   Њујорк е супер затоа што тука имам се повеќе пријатели пуштаат музика во мала заедница до која може лесно да се пристапи. Забавно е да гледаш луѓе што добро ги познаваш и што имаат добар вкус за музика и што од време навреме одржуваат свои диџеј сетови чисто за забава. Но тоа не значи дека тие се занимаваат само со диџејство. Њујорк е добар од причина што постојат радио емисии и места каде уметноста и музиката се преклопуваат, така што тие даваат една најразлична сцена каде може да видите луѓе што обично не ги среќавате на друго место.

 

Дали мислиш дека музичката сцена во Њујорк станува попрофесионална и се оддалечува од DIY? Се чини дека тоа е така затоа што „Sustain-Release“ сѐ повеќе расте а „Nowadays“ станува попопуларно место и привлекува поголеми таленти.
Мислам дека е тоа така, но не знам дали затоа што сум таму долго време, затоа што имам стекнато многу пријатели и врски, но се чини дека поголемиот број од луѓето што настапуваат таму почнуваат со еден настап месечно, за подоцна да имаат настапи еднаш неделно. На ова место сум видела како лесно процветуваат многу кариери. Исто така сум видела и луѓе коишто во Њујорк многу брзо стануваат популарни, за подоцна да навлезат во кризи, немаат места каде да настапуваат, што е нешто за кое сум особено внимателна и свесна. Јас лично се обидувам сѐ да правам пополека а не одеднаш, да уживам исто онолку како на големите така и на малите настапи. Сакам да се соочувам со своите стравови и да пробувам нови нешта, но важно е да бидам свесна за тоа.

На кој начин ти помогна тоа што си резидентен диџеј во „Nowadays“? Дали тоа направи да ги промениш твоите гледишта?
Веќе цела година секоја сабота настапувам во „Nowadays“. Петоците се најчесто резервирани за хаус музика, а во саботите претежно се пушта техно музика. Секогаш настапувам со 1-2 гости зависно од тоа кој е присутен во градот и како се одвива вечерта.

Настапите во „Nowadays“ми помогнаа да истражувам различни жанрови на музика, затоа што таму звучните ефекти се неверојатни, а публиката е отворена за нови работи. Обично своите сетови ги почнувам со еден звук, а ноќите најчесто завршуваат спонтано и со најразлични звуци и подиумот не се испразнува до самиот крај. Настапите на отворено/затворено исто така е од голема помош за мене затоа што таму на луѓето не им здосадува така лесно, може да се одморат од таквата музика и да ги одморат нивните нозе и уши онолку колку што им е потребно.

Кои се твоите омилени книги и подкасти во моментов?
Обожавам книги/подкасти за човековото однесување, менталното здравје и врските. Она што ме прави среќна се комичните вообичаени дискусии за уметноста/музиката и бизарните приказни. Во моментов ги случам „Base Camp Beta“, „Invisibilia“, „Hot Brain“ и „20 Thousand Hertz“. Ја читам „Vacationland“ од Џон Хоџман и „Trick Mirror“ од Џиа Толентино.

Кои се твоите омилени музички записи во моментов?
Тешко ми беше да не пуштам било која од овие музички записи во последниве неколку месеци! Мешавина од старо и ново.

Dj Hatcha, „Conga Therapy“
Sliverlining, „Pleasure and Treasures“
Piori, „Leveler“
Dj Rolando, „Knights of the Jaguar“
Oli XL, „Clumsy“
HAZED, „Bells“
ConQuest, „Forever“
Roza Terenzi, „All Starz“