Cinthie

Words by Ненад Георгиевски

Една од најентузијастичните креатори на квалитетна винил хаус музика во Берлин.

Синти има големо искуство кога станува збор за културата по клубовите. Со потекло од Берлин, оваа ди-џејка за време на својот престој во Франкфурт успеала да се поврзе и со тамошната хаус сцена којашто била во подем во 90-ите години од минатиот век. Иако нејзината кариера како ди-џеј започнала пред речиси две децении, таа сѐ уште владее со сцената благодарение на своите свежи и секогаш ентузијастички звуци. Таа секогаш успева да пушта музика со вкус, како во минатото така и денес, благодарение на влијанието од „Beste Modus“ и „we_r house“.

Заедно со соработниците како што се Diego Krause (Диего Кројзе) и Ed Herbst (Ед Хербст), таа продолжува да се пробива со својот препознатлив бренд на винил хаус музика на места како што е „Watergate“—каде работи како резидент ди-џеј — ://, како и на многу други места во Берлин.