„CYRK“ дуото од Берлин прави бранови со нивните „Warp Records“ влијанија врз електронското наследство од Детроит.

Запознајте се со „CYRK“, продукциското дуо од Берлин во подем коешто ги турка границите на класичните електронски звуци во иднината

Words by Александар Гроздановски

 

Како што изминува оваа деценија, јасно е дека неодамнешното струење на популарноста на електронската музика е многу повеќе од помодарство. Младите продуценти сѐ повеќе ја гледаат електронската музика во сите нејзини облици и форми, како плодна почва со додавање на нови и иновативни промени во разновидното наследство на жанрот.

CYRK“(исто така познато и како дуото од Берлин и моќниот пар Семи Госенс и Паскал Хетцел) ја доведува во преден план групата на музички дела коишто го истражуваат звукот повеќе од било кога. Веќе фаворити на првокласни диџеи и љубители на електронската музика како што се Хелена Хауф и Дејв Кларке, „CYRK“ неодамна почнаа да прават бранови со нивната уникатна мешавина на електронско наследство од Детроит, училиштето за електронска музика на „Warp Records“ и нивната слаба точка Итало-диското. Со воведување на нивната веќе одлично прифатена нова продуцентска куќа „Time Zero“, ние зборувавме со уметниците за нивната реалност, копиите на нивните музички записи и како „се соочуваат со ризиците“.Како се појави „CYRK“?

 Паскал Хетцел: Се појавивме во 2015 година.

Семи Госенс: Сѐ се случи сосема случајно. Ме викнаа да настапувам во Москва. Во тоа време секоја среда имав настапи во „Watergate“, каде имав можност да поканам други уметници со нивни настапи во живо како што се „KiNK“, Толга Фидан или Дејв Аџу со кои правевме разни импровизации. Предложив да го викнеме Паскал во Москва и промоторот се согласи. За разлика на настаните во „Watergate“, ние овој пат одлучивме малку да се подготвиме. По настапот сфатив дека веќе имаме неколку музички записи, па затоа одлучивме да го основаме „CYRK“. Тогаш, тоа беше само име на продукциска куќа.

ПХ: Првиот албум беше пуштен под имињата на Сиера Сем и Паскал Хетцел.  Потоа настапувавме на „N.A.M.E.“ фестивалот во Лион, каде бевме најавени како Сиера Сем и Паскал Хетцел коишто го претставуваат „CYRK“. Оттука, полека се преобразивме во нашиот главен проект и нашето алтер его.

И полека навлегувавме сѐ подлабоко во територијата на електронската музика.

СГ: Така е, но ние веќе имавме електронски записи при првото претставување на „CYRK“. Електронската музика отсекогаш била дел од нашиот музички јазик. Мислам дека првите електронски записи ги направив во раните 2000 години, кога работев со Џејмс Пенингтон како дел од „Suburban Knight“. Паскал и јас сосема природно го сменивме нашето внимание и во фокусот ја поставивме електронската музика. Секако, тоа може да се смени во даден момент. Не сакаме да се посветиме само на еден стил.

ПХ: Кај електронската музика секогаш постои чувство за неистражена територија во споредба со техно или хаус музиката. Секако, во последните неколку години електронската музика повторно се појави на големата врата, но сепак, во споредба со техното постојат многу помалку издадени албуми, и оттука чувствувате дека има уште толку многу да се каже и направи.

СГ: Многу се забавувавме во студиото додека правевме електронска музика. Тука мислам дека постојат многу помалку ограничувања.  Во меѓувреме, Паскал исто така издаде соло албум преку „Eye Teeth“, во под-продукција на „Interdimensional Transmissions“, којшто беше претежно под влијание на електронската музика.

Паскал: Брендан Гилен (сопственик на „Interdimensional Transmissions“ и на „Eye Teeth“) смета дека тоа е техно.

 

Како оди работата во студио?

ПХ: Јас сум тој што се занимава со секвенцерот. Го обожавам нашиот Cirklon секвенцер исто онолку колку што го обожавам нашиот модуларен сетап. За разлика од мене, Семи се занимава со музичките ноти. Има класична обука и знае да отсвири многу добри мелодии и прогресии на акорди.

СГ: Ги сакам секвенцерите, но многу подобро и побрзо можам да ги изразам своите идеи преку клавијатурата.

ПХ: Јас би бил загубен без секвенцерот. Целосно се потпирам на него, и затоа многу добро се надополнуваме во студиото.

Во последно време „CYRK“ алтер егото постојано напредува, додека „CYRK“ продуцентската куќа се чини дека е во застој.

СГ: Продуцетнската куќа „CYRK“ во моментов е на пауза. Наместо тоа, ние направивме нова подуцентска куќа „Time Zero“, со помош на двајца наши добри пријатели. Фабиан Гериг од Лозана има фолклорен клуб и е неверојатен дизајнер. Тој имаше некои добри идеи како да ја создадеме нашата музика, делумно инспириран од можностите да се употреби голем „silkscreen“ печатач кој тукушто го набави од Јапонија. Другиот човек што ни беше од голема помош е Федерико Бенедети, кој работи со вонмрежна дистрибуција. Тој ни кажа дека ако сакаме да направиме албум, треба да му кажеме затоа што обожава кога се поклопуваме во музички контекст. И така сѐ си дојде на свое место.

Вие исто така објавивте албум преку „Avoidant“.

Паскал: Да, тоа е нова продукциска куќа од Глазгов. Луѓето што работат таму се прилично искусни и многу добро поврзани. Завршија одлична работа со промовирање на албумот. Да се надевате дека голема продукциска куќа или еден издаден албум ќе направи голема разлика за вас е прилично наивно во 2019 година.

Ова е маратон, а не спринт, тест со лакмусова хартија за вашата страст – барем за повеќето.

ПХ: Дефинитивно. Ние тргувавме со многу музички записи за многу луѓе и продукциски куќи на коишто им се воодушевуваме, а понекогаш и лично познаваме многу долго време. Тоа може да биде фрустрирачко искуство. Особено кога на почетокот добивате супер реакции.<0} Не знам колку пати сум слушнал „супер музика, ајде заедно да снимиме албум.“ И потоа ќе исчезнат. Или пак ќе се појават по неколку месеци и ќе кажат: „Испрати ми уште неколку записи за да можам да одберам некој од нив. “ И откако ќе го направиме и тоа, повторно исчезнуваат. Или повторно доцнат со објавување на записите и одеднаш ќе кажат дека ќе направат само дигитална верзија. Тоа е навистина чудна и деморализирачка динамика. Затоа сме многу среќни што имаме сопствена продукциска куќа „Time Zero“, под чие име може да објавуваме што сакаме и кога сакаме.

СГ: Друга работа е тоа што во еден момент голем дел од нашата необјавена музика требаше да биде објавен од разни продукциски куќи, но тоа никогаш не се случи.  Не го правиме тоа повеќе. Не можеме да чекаме две години или подоцна за да објавиме албум. Подобро е сами да си го објавиме. Кариерите може да се сменат преку ноќ со вистинските состојки. Нашето искуство сепак е постојано да го работиме она што го знаеме, од самата основа. Може да ви се чини дека работите бавно се движат – на пример кога станува збор за настапите. Сѐ што треба да направиш е да продолжиш да работиш и да веруваш во својата музика, а да бидам искрен тоа не е секогаш лесно.  Ние научивме на потешкиот начин дека мора да ги користиме социјалните медиуми. И мора сами да го изнајдеме начинот на кој ќе го правиме тоа.

Влијанието на социјалните медиуми врз вашата кариера може да биде брутално соочување со реалноста.

ПХ: Постојано се соочувавме со реалноста и на крај ја сфативме пораката. Она што беше навистина важно во овој процес е нашата нова агенција за музичко менаџирање. Тие ни кажуваа како повеќето клубови ги пресметувале давачките за настапите што ги резервираат, и ако ги резервираат истите: всушност сѐ е базирано на цифрите поврзани со социјалните медиуми и стримингот. Колку и да не чини, сфативме дека мора да работиме на тој начин и да станеме добри во тоа. Една од работите што почнавме да ги правиме е да снимаме џем-сесии во студио и да пуштаме делови од нив на Instagram. Таквите постирања беа навистина успешни. Размислуваме да креираме и Patreon страница, каде ќе може да постираме цели џем-сесии и други работи на секои две недели.

 

Пред да потпишете за некоја друга продуцентска куќа, дававте и копии на музички записи како промо за диџеи така?

СГ: Се изморивме постојано да испраќаме наши демо снимки, па наместо тоа решивме да испратиме неколку копии од нашата музика до некои диџеи што ги сакаме и почитуваме.  Првиот диџеј што доби копија од нашата музика беше Хелена Хауф – и таа ја пушти на нејзините сетови и тоа беше неверојатно.

ПХ: Потоа ѝ испративме уште неколку копии. Исто така испративме копии и на диџеј Stingray. Дел од музичките записи од „Avoidant“ испративме на Хелена Хауф, Др. Рубинштајн, Марсел Детман и Бен УФО. Испадна добро што тие ја пуштаа нашата музика. Можеби тие и без тоа ќе ја пуштаа нашата музика откако ќе го добиеа дигиталното промо, но ова беше добар начин да се додаде нешто специјално на целиот промо процес.

Семи ти претходно напомена дека го познаваш Џејмс Пенингтон.

СГ: Имав настапи во живо со Џит (Џејмс Пенингтон) како дел од „Suburban Knight“ речиси пет години. А некое време заедно правевме музика, вклучувајќи ги сите записи од неговиот албум „Peacefrog“ што не беа лиценцирани.

Како се случи тоа?

Неколку пријатели и јас го поканивме Џит да настапува во Белгија во средината на 90-ите години. Беше чудно првиот пат кога се сретнавме, затоа што имав чувство како веќе да се знаеме од порано. Дотогаш немав отидено во Детроит. Немав дури ни отидено во Америка.

Го поканивме него и Роландо, која сѐ уште немаше издадено албум и кој беше новиот млад штитеник на „Mad Mike“. Има една чудна приказна: Дедо му на Џит се борел против нацистите во Белгија за време на Втората светска војна, а кога Џит бил дете неговиот дедо предвидел дека и тој ќе замине за Белгија и дека ќе чувствува посебна приврзаност за таа земја. Џит и јас брзо се спријателивме, а потоа тој се запозна со една моја пријателка и почна да излегува со неа, па затоа сѐ почесто доаѓаше во Белгија.

На крај, тој остана тука и почнавме заедно да создаваме музика. Првото нешто што го направивме беше ремиксот од „Suburban Knight“ на „Totmacher“ од диџеј Хел на Диско Б. Потоа направивме ремикс на албум што го имав издадено како „The Undeejay“ како дел на „R&S Records“, за кој никогаш не добивме заслуги – што е чудно затоа што тоа веќе беше познато име на техно сцената. Потоа тој имаше тура низ Европа и сите сакаа тој да настапува во живо како „Suburban Knight“ и ме повика да му бидам партнер на настапите во живо. Додека правевме проби за турата, со програмски семплери и машини, почнавме да создаваме нови музички записи, повеќето од кои завршија на албумот „Peacefrog“. Заедно поминувавме долго време во студиото, понекогаш заедно со нашиот пријател Џером Спортели и заедно создававме музика. Пред три години, најдов стара касета со неколку од тие стари записи и ги објавив на „CYRK“ – нашиот последен објавен албум од нашата продукциска куќа.