[Галерија] Ја испративме 2018-та со маестралниот настап на техно-иконата Stephan Bodzin

Words by Тимот на TEB

На 29-декември се случи долго очекуваната журка со Stephan Bodzin, a преполниот С.Р.Ц. Кале и еуфоричната атмосфера беа најубавата награда за вложениот труд.

Забавата започна со докажаната локална епика, односно Flooder и Blendimore кои ја отворија вечерта. Визуелизациите и осветлувањето пак, само го засилија доживувањето на ритамот.

30 минути по полноќ, диџеј палката прејде во рацете на италијанското дуо Fideles, составено од Mario Roberti и Daniele Aprile кои во наредниот час и половина не’ разигруваа со мелодично техно.

А, во 2 часот сцената ја презема Stephan Bodzin и со неа владееше до утрото. На дело ни покажа зошто е една од најважните фигури на техно сцената.

Велат дека 1 слика вреди колку 1000 зборови. Затоа, споделуваме галерија со атмосферата од вечерта и се надеваме дека заедно со вас ќе споделиме уште многу вакви мигови.