TELEKOM ELECTRONIC BEATS WEEKENDER во Скопје

Words by Александар Гроздановски

TELEKOM BEATS WEEKENDER е музички настан кој може да се каже дека ја одбележа 2019 година. Настанот почна на 06 и заврши на 08. декември. За време на викендерот, Скопје не се разликуваше од било која европска, па и светска метропола.

Првата вечер започнаво клубот Минус 1со ALEXANDER ROBOTNICK, италијанскиот пионир на хаус и итало диско сцената. Публиката можеби присуствуваше на еден од неговите последни настапи каде што ROBOTNICK ја вжешти атмосферата и приреди одлична журка. Неговиот настап беше придружен од локалните артисти DIAH и MARKO RIKALOSKI.


Саботната вечер се оддржа во клубот Епицентар каде стартуваа нашите APOSTOLSKI и MILESKAYA, кои требаше да бидат техно музичка увертира за настапот во живо на легендарниот Американски продуцент E.R.P. Поради лошите авио конекции E.R.P. LIVE AKA CONVEXTION LIVE не слета таа вечер и на негово место настапи во живо LAKE PEOPLE, млад продуцент од Берлин кој ја воодушеви скопската публика.


Главниот целодневен настан започна во TREE GARDEN од 13 часот во неделата со зимскиот pop-up маркет надополнет со дневните диџеј сетови  на IGOR SPIROSKI, VASO, MARTIN BAZELSKI, CHEDO, NASTASYAKISH, кои ни приредија вистинско музичко уживање. Истовремено градината изобилуваше со програмски активности како POP ART WINTER BAZAAR, BOBAN ANTIQUE RECORDS, NINA SIMOVSKA W/ JUST BECAUSE. ART & DESIGN STUDIO, EM ELEPHANTSKI, FINE ART BY GJORGINA, STAYCDESIGN.MK, SHTRKOVA ILLUSTARTIONS BY VANJA SHTRKOVA, AMMAR KACHAR, SHORTBUS, POPCORN SKATE CO., WAX REVIVAL STORE, 5 DO 12, SANJA SIMOSKA, SALI ERTUNC, BRANKICA JORDANOVSKA.


Малата сцена на Станица 26 во интимна атмосфера ја отвори вечерната неделна програма со диџеј сетовите на EMI ERMILOVA, ILINIA ANGEL и WISH.KO. Сетот на ILINA ANGEL може во целост да го преслушате на линкот подолу.

Во клубот 1212 своја вечер имаа SKOPJE VINYL CONVENTION & FUNKY FRESH на која се претстави гостинот од Берлин Marc Hype, а беше придружуван од SAMM THE MAN, GOCE SAF, CHVARE и DOUBLE G.


Големата сцена на Станица 26 со свој сет ја отвори нашиот FLOODER кој фино ја загреа публиката пред одличниот настап во живо на LLEWELLYN, кој изобилуваше со мелодични синтови и хипнотички бас линии и уште еднаш докажа дека еден од најинтересните артисти во моментов на електронската музичка сцена. Сепак најголемо воодушевување на подиумот предизвика настапот на E.R.P. LIVE AKA CONVEXTION LIVE, кој успеа да долета во Скопје и да го трансформира клубот со својот настап во сцена на замислен дистопијски свет од иднината. После тоа следеа два одлични диџеј сетови на германските артисти CINTHIE и ROMAN FLÜGEL, кои го оправдаа статусот на најбарани имиња на светската сцена во моментов. TELEKOM BEATS WEEKENDER ни приреди светски квалитетен настан и докажа дека Скопје има озбилна сцена и публика, но и дека можеме и треба да бидеме водечка клабинг дестинација во регионот.