Викендов во Скопје се отвора кафе бар во кој млади артисти ќе можат да ги презентираат своите дела - Electronic Beats Macedonia
Feed/Culture

Викендов во Скопје се отвора кафе бар во кој млади артисти ќе можат да ги презентираат своите дела

На 24 ноември (сабота) со почеток во 12 часот ќе се случи официјалното отворање на кафе барот Папу, нов арт кафе бар во Скопје.

Според зборовите на сопствениците на новиот бар во Дебар Маало, идејата за создавање на арт кафе бар се родила преку љубовта кон уметноста и желбата за поддршка на локалните уметници. За отворањето на барот најавена е групна изложба на 12 млади македонски автори.

Идејата и целта на кафе бар Папу е да овозможи простор каде младите артистите ќе можат да ги презентираат своите дела преку различни видови на медиуми, придружено со богата понуда на квалитетно кафе и македонски вина. Планот е изложбите да се одвиваат според годишна програма, а истовремено дел од просторот ќе биде наменет за специфични арт инсталации и други програмски активности.