Нови мурали на зградите во Струга - Electronic Beats Macedonia
Feed/Culture

Нови мурали на зградите во Струга

Во рамки на фестивалот „Мурал фест“, кој се одржа на почетокот на октомври, група македонски уметници го трансформираа ликот на Струга.

 

„Мурал фест Струга“ се одржа за прв пат оваа година. Целта на фестивалот, кој ги привлече некои од најдобрите артисти од земјата, беше освежување на изгледот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ и на уште неколку други, јавни и приватни, локации низ градот.

„Направивме еден нов тип на фестивал, со кој би сакале да ги привлечеме младите, телентирани уметници да бидат дел од една нова, модерна историја на градот, со тоа што малите тесни улички би ги претвориле во урбани места со свои приказни. Го замислуваме градот Струга како прераснува во град на уметност, град кој ќе ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти.“ – Кристина Затуровска, ликовен уметник, фотограф и ко-организатор

За следната година Затуроска најави недела на уметноста, која би се одржала на почетокот на летната туристичка сезона, а Фестивалот на муралите да се одржува заедно со традиционалниот Арт симпозиум.