Овие ретро Советски контролни соби би можеле да се пренаменат во неверојатни техно клубови - Electronic Beats Macedonia
Feed/Culture

Овие ретро Советски контролни соби би можеле да се пренаменат во неверојатни техно клубови

Ова се нештата од кои е составена техно фантазијата.

Ако сте како нас, тогаш старите електрани и фабрики веднаш ќе ве натераат да помислите на техно музика. Овде, во Берлин, повеќето од огромните ноќни клубови во градот – какви што се Berghain, Tresor и E-Werk – претходно биле индустриски фабрики. Во старата опрема, потенциометрите, мерните инструменти и турбинските постројки постои нешто што нив ги прави погодни за имплицитниот научно-фантастичен шмек на техното.

Веднаш помисливме на тие познати места кога наидовме на оваа фото колекција од стари Советски контролни соби на сајтот Present /&/ Correct. Иако сме апсолутно сигурни дека техно музиката никогаш не била пуштана во близина на овие места, сепак, мошне сме сигурни дека кое било од овие места би било совршено за некое забавно рејв искуство. Подолу можете да видите некои примери. Којзнае, можеби ќе ве инспирираат да пренамените некое слично место во вашиот град.

Прочитајте повеќе: Второто EP на The Sprawl е „ретро-футуристички“ пекол