Погледнете хипнотички минимал микс на Рикардо Виљалобос од 1998 година - Electronic Beats Macedonia
Feed/Music

Погледнете хипнотички минимал микс на Рикардо Виљалобос од 1998 година

Ретка снимка од 1998 година од една чилеанска андерграунд забава, којашто потврдува: Рикардо Виљалобос е легенда!

Никогаш не пропуштаме можност да прочепкаме по некои стари диџеј настапи на минималистичкиот гениј, Рикардо Виљалобос (Ricardo Villalobos), без оглед дали станува збор за диџеј сетови од раните денови на Panorama Bar или за изведби во живо со други музичари. Ѕиркањето во неговите диџеј сесии од минатото ни овозможува да ги „уловиме“ и идентификуваме неговите диви џем сесии, со кои тој ја одбележа својата кариера. Денес таков третман ви овозможуваме со еден 15-минутен видео клип од еден сет од 1998 година, на една забава во Чиле, на која, исто така, настапиле Dandy Jack и Chica Paula.

До сега, успеавме да ја „уловиме“ нумерата „Sounds of the Underground“ на Mr. G & G Flame, којашто се слуша во седмата минута од видеото. Дали вие можете да најдете повеќе? Погледнете го видеото подолу.

Прочитајте повеќе: Најдобрите 20 песни објавени од дискографската куќа Perlon