Feed/Music

BarumBarum Playlist

1.Simple Symmetry – Gilgamesh feat. Iñigo Vontier

 

2.Redrago – Redrago (Club Version)

 

3.Local Suicide feat. Nicki Fehr – Leopard Gum

 

4.Curses – Fire In The Smoke Of A Changing Life

 

5.Konrad Black and Selfpartwo – Busting Down The Door With A Shotgun

Continue Reading
Feed/Music

Нов „Бран” на македонската музичка сцена

Во петок новата македонска издавачка куќа „Бран” прави промоција на своето прво винилно издание во клубот 1212. Специјален гостин на вечерта е Delfonic od Оye Records (Берлин), a позади диџеј пултот ќе му се придружат Herzel и Flute Power.

Визијата на „Бран” е да креира свој современ музички јазик во чие создавање ќе учествуваат постарите и помладите генерации на музички уметници, домашни таленти и докажани автори од светската музичка електронска сцена. Моторот позади издавачката куќа „Бран” се домашните автори Herzel и Flute Power.

На првото издание свои траки имаат Eddie C, Daniela La Luz, Herzel и Flute Power. Автор на дизајнот е македонскиот уметник Иван Ивановски. Плочата е интернационално дистрибуирана од берлинскиот Oye Records и веќе може да се купи во повеќето светски плочари.

Continue Reading
Feed/Music

Теlekom Electronic Beats Picnic

На 21-ви септември во 11.00ч , во срцето на Градскиот парк во Скопје (во внатрешноста на паркот кај островот на езерцето спроти Централ Парк) те очекува целодневeн пикник организиран од Telekom Electronic Beats.

Време е да го завршиме летото како што најдобро соодветствува!

Денот ќе биде исполнет со прекрасните звуци на:

Llorka / Art of Tones со музички сет на зајдисонце (старт 18.00)

 

Jus-Ed (старт 22:00)

Локална поддршка:

Алек Солтиров

Андреј Мицајков

Бодан Јамакоски

Виктор Апостолски

Еми Ермилова

Зоки Бејбе

Mileskaya

Mosaik Kollektif

Роботек

Скопски грув Dj’s

Чваре

 

За прекрасните мириси што апетит отвораат ќе се погрижат:

Кујните на Fat Kitchen with Fat Cacko , Cosy бар и BKW.

 

Откачени уметнички рачни изработки и облека ќе донесат:

Ammar Kachar, Embroidery Monday,

Harteeya, Panooramixx, [0.10]error of harmony и винтиџ second hand облека од Amsterdama и Underground shop.

За целокупниот сетинг да биде уште поуникатен, Александар Зафировски, ликовен уметник, зад кој стојат повеќе успешни самостојни изложби во земјава и ширум европското тло, ќе реализира уметничка инсталација “Connecting” на самото езерце.

Ќе гледаме и музички документарни филмчиња на Telekom Electronic Beats.

 

Едноставно ќе уживаме. Се гледаме.

 

Continue Reading
Feed/Music

Слушнете што кажаа нашите локални диџеи за Stephan Bodzin

Оваа сабота (29 декември) на големиот Telekom Electronic Beats настан во СРЦ Кале ќе настапи легендарниот германски диџеј, Stephan Bodzin.

По тој повод, во видеото подолу кое го снимивме со iPhone, разговаравме со неколку локални музичари и диџеи (Илина Ангеловска, Flooder и DJ Vaso) и ги прашавме да ни кажат нешто повеќе за Stephan Bodzin и за тоа што го прави толку влијателен.

 

 

Се гледаме на 29ти декември во СРЦ ,,Кале”!

Continue Reading
Feed/Music

Оваа сабота ќе се случи главната вечер на Таксират #20

На 8 декември (сабота) во СЦ Борис Трајковски со почеток во 19 часот ќе се случи главната вечер на јубилејното 20-то издание на Таксират Фестивал.

Прославата на 20-годишнината од постоењето на Таксират започна уште на почетокот на годината, во февруари, со концертот на Kraftwerk, продолжи со настапот на Laibach, пополека се развиваше низ целата година, за оваа седмица да кулминира со таканаречената и добро позната „Таксират-недела“.

Овој завршен и најверојатно најважен дел од фестивалот беше отворен минатиот четврток со одличната ПИН музичка конференција, на која се случи и неверојатниот настап на словачкиот панк-бенд Vydrapená Bužírka Punk System, кој настапи во тоалетот на МКЦ. А по огромниот број на настапи кои се случија од тогаш, повеќето во Младинскиот културен центар, финалето на фестивалот е закажано за оваа сабота во салата „Борис Трајковски“.

Во СЦ Борис Трајковски, која по овој повод ќе биде посебно уредена, ќе настапат французинките Nouvelle Vague, австралискиот drum and bass феномен Pendulum, шведскиот инди-рок состав Mando Diao, веќе-легендарните босанци Dubioza Kolektiv, македонските хард-кор херои Smut, Therapy? од Северна Ирска, македонскиот трап колектив Trap Da Fuck Up, SAF Sound System и американскиот битбокс-шампион Rahzel.

Continue Reading