Погледнете го енергичниот диско хаус сет на Дафни од „Sónar 2019“

Words by Тимот на TEB

Продуцентот кој умее да менува најразлични облици (познат и како „Caribou“) Ви овозможува да уживате во двочасовна најдобра хаус музика.

Ден Снејт е еден вистински музички камелеон.

Познат како водечки пејач на психоделичната електронска – рок група „Caribou“, Снејт неодамна предизвика големи бранови со својот звук којшто е претежно наменет за клубовите, под неговиот псевдоним Дафни.

Во неговиот неодамнешен ди-џеј сет на фестивалот „Sónar“, Снејт ги врзува неговите вонземни звуци со раскршени хаус ритмови и на тој начин создава еден оригинален бран кој плови помеѓу бучни синтисајзерски бас линии, возбудлива диско музика и афрички хаус џем сесии, коишто се надополнети со моќен фанк.