Feed/Music

Били Ајлиш разговара со поранешниот главен уредник на „Telekom Electronic Beats“ програмата

Во најновата поткаст епизода, ние зборуваме со една од најзафатените личности во светот за да откриеме како во моментов го поминува своето време

Били Ајлиш ја доживува најлудата година. Со најмногу главни наслови, продадени албуми, освоени безброј награди, вклучувајќи и пет Греми награди, и песна за најновиот филм за Џејмс Бонд, таа е присутна насекаде во поп културата. Постојано е во движење.

Но, наеднаш, последниве неколку недели, популарниот и брз начин на живот на Били Ајлиш – како и на повеќето од нас – мора да запре и да направи пауза. Од нејзиниот дом и подалеку од понатамошните планови за неодредено време, 18-годишната девојка преку видео повик зборуваше со нашиот поранешен главен уредник Дерек Оперман. „Не сум седела дома толку долго уште од кога имав 12 години“, вели таа во интервјуто.

Со нејзината единствена уметничка визија, препознатлив стил и невидена дрскост да ги прекрши правилата на музичката индустрија за пејачи како неа од претходните генерации, таа не наликува на поп ѕвездите коишто му се веќе познати на светот, и за разлика од нив е единствената родена во овој век. Притисоците коишто се својствени за ваквиот статус се очигледни, и не би било чудно да се претпостави какви емоционални последици може да имаат врз една личност.

„Јасно е дека секогаш размислувам за мојот следен чекор и како тоа ќе влијае врз светот и луѓето“, признава таа. Ова е една од причините зошто – за разлика од стереотипот на „опсесија од екранот“ со кој понекогаш се одликува нејзината генерација – таа се обидува да не користи технологија, и наместо тоа се фокусира на еден похолистички пристап. Како што ни кажува во интервјуто, благодарна е за патувањето на кое беше до сега, и покрај тоа што тоа не беше секогаш лесно. „Кој би знаел дека мојот живот би бил ваков. Неверојатно е. Го сакам својот живот.“

Зборувајќи искрено од удобноста на својот дом, Ајлиш дискутираше на многубројни теми како што е нејзиниот однос со родниот град, социјалните медиуми, како е да биде оддалечена од своите пријатели и како го поминува своето време во овие тешки услови.