Technics ќе го пушти во продажба „најсупериорниот грамофон досега“

Таман помисливте дека трката за аудиофилно совршенство не може да отиде подалеку (или да стане поапсурдна, во зависност од тоа како гледате на неа), Technics веќе објави нова, ажурирана верзија на „најсупериорниот грамофон досега“.

Реномираната компанија за грамофони почна да работи на нова, модерна верзија на нивниот SP-10 грамофон од 1981 година, првиот грамофон со директен погон од ваков вид за професионалци. Со својот нов изглед како Референтна класа SP-10R, грамофонот може да се пофали со најдобра ротациска стабилност од сите грамофони во светот, благодарение на својата погонска плоча изработена од месинг, гума и алуминиум, која тежи седум килограми. Меѓу другите технички спецификации со кои може да се пофали новиот производ е двостраниот роторен систем со статор-калеми, поставени од двете страни. Напојувањето на грамофонот е, всушност, одвоено од погонската плоча, што овозможува намалување на несаканиот шум и на вибрациите, со што, наводно, се воспоставува најдобриот сооднос на сигнал и шум во споредба со кој било друг грамофон во светот.

Сето ова претставува сериозна надградба, дури и според високите стандарди на SL-1200G, кој се промовираше како нов, најдобар пријател на аудиофилите. Се чини дека Technics е сигурен дека незгасливата жед за „најдобриот звук“ ќе продолжи имајќи предвид дека 1200G се распродаде речиси веднаш, и покрај цената од 3.499 евра.

Следете го овој сајт, за да прочитате повеќе детали како што тие ќе се појавуваат. Во меѓувреме, подолу можете да го погледнете првото видео во кое е претставена мошне голата погонска плоча тешка 7 кг.