Feed/Tech

Слушнете ги петте највлијателни минимал продукции на Petre Inspirescu

Овие електронски мајстории придонесоа членот на [a:rpia:r] да стане еден од највлијателните музички визионери во Романија.

Триото [a:rpia:r], составено од Petre Inspirescu, Rhadoo и Raresh, изврши незаменливо влијание врз романското видување на електронската музика, популаризирајќи го минимал и техно хаус звукот, коишто станаа поим за музичката сцена во оваа земја во изминатите десет години.

Особено Inspirescu испрофилира свој препознатлив бренд на минимал продукции, инспирирани од хаус и фанк. Во овој прилог од блогот на Fabric се наведени пет од највлијателните снимки на овој продуцент, вклучувајќи го неговото соло издание „Racakadoom”, но и соработката на „Evar”, како дел од колективот [a:rpia:r]. Сите нив можете да ги преслушате тука, а неговата песна „Sad and Sand” можете да ја слушнете подолу. Потоа, нурнете подлабоко во светот на романската техно хаус музика, со нашиот прилог којшто одблиску ви ја претставува брзо растечката алтернативна сцена во Букурешт.

Прочитајте повеќе: 10 нумери коишто го дефинираа Роминималот – омилената музика во Романија