Feed/Music

Погледнете ја оваа ретка снимка од настап на Kraftwerk во 1970 година

Овој концерт од времето пред Autobahn ерата на Kraftwerk треба да влезе во историските книги.

Бласкавата кариера на Kraftwerk постојано нѐ потсетува дека пионерите на електронската музика од Дизелдорф никогаш не биле бенд којшто ги удостојувал очекувањата. Прекршувањето на музичките правила е дел од генетскиот код на бендот, без разлика дали станува збор за нивните 40-минутни импровизирани џез верзии на Autobahn или за нивните совети како да се отсвири нивната музика со помош на дигитрони.

Исклучок не е ниту оваа фантастична снимка од нивниот настап во живо во 1970 година. Таа претставува еден од првите видео записи во кои настапува бендот. Тогаш, во јули истата година, тие биле штотуку формирани. Видете ги Ралф Хатер (Ralf Hütter) на клавијатури, Флоријан Шнајдер-Еслебен (Florian Schneider-Esleben) на флејта и вибрафон и Клаус Дингер (Klaus Dinger) на тапани. Заедно создаваат вистинско електронско-рок лудило. Погледнете го видеото подолу.

Прочитајте повеќе: Откријте ги седумте најважни инструменти од студиската опрема на Kraftwerk