Feed/Tech

Дали новиот аудиофилски грамофон на Technics вреди 10.000 долари?

Понекогаш квалитетот на звукот навистина вреди.

Колку би платиле за еден нов грамофон на Technics? И покрај тоа што некои од понудите на компанијата се мошне достапни, нејзината аудиофилска опрема понекогаш може да достигне вртоглаво високи цени. Токму таков случај е тукушто лансираниот грамофон SP-10R. Премиерно претставен на CES конференцијата во Лас Вегас, тој претставува навраќање на познатиот модел Technics SP-10, којшто првично беше пласиран во 1970 година. Мора да се нагласи дека SP-10 не е наменет за диџеи, туку повеќе за уживање во хај-фај звуците во домашна атмосфера.

Како што првично објавивме минатата година, компанијата тврди дека овој грамофон се карактеризира со исклучителна стабилност и однос звук/шум. Тој има диск-плоча која тежи 7 килограми, изработена е од месинг, гума и алуминиум, а го поседува истиот усовршен мотор со директен погон, вграден во моделот SL-1200GR. Исто така, има откачен, минималистички изглед кој потсетува на раните 1970-ти години.

Навистина импресивно, но дали сето тоа навистина ја оправдува цената од 10.000 американски долари? Можеби не, но и покрај тоа, тој е веројатно подобра опција од овој „Ферари црвен“ Technics SP10Mk3 грамофон со цена од 40.000 долари.

Прочитајте повеќе: Како SL-1200 на Technics стана поим за грамофон