Feed/Music

Левон Винсент подарува 6 ретки изданија кои се веќе надвор од печат

Левон Винсент е Дедо Мраз.

Левон Винсент (Levon Vincent) е познат по тоа што својата музика ја дава бесплатно. Овој диџеј и продуцент од Берлин го направи тоа со двата свои албуми (Levon Vincent и For Paris), неколку дена пред нивните винилни изданија да пристигнат во продавниците. Неодамна, тој на својот SoundCloud профил „закачи“ шест песни со висока резолуција за бесплатно преземање. Овие теми го опфаќаат неговиот комплетен музички придонес за Deconstruct, издавачката куќа што тој ја водеше заедно со резидент диџејот на клубот Berghain, Антони Парасол (Anthony Parasole), во периодот помеѓу 2008 и 2013, а исто така, вклучен е и неговиот ултра популарен ремикс на „Party People Clap“ на DJ Qu. Овие оригинални изданија го катапултираа Левон Винсент во жижата на вниманието. Сите овие изданија веќе одамна не можат да се најдат на винил, ниту, пак, ќе бидат повторно издадени, како што Винсент напиша во изјавата што беше дадена заедно со поставените изданија. Тука можете да ги симнете овие њујоршки даб хаус и техно класики.

Прочитајте повеќе: Слушнете го последното албумско техно ремек дело на Левон Винсент, For Paris